Карагер: Ливерпул е силен, но има една слаба точка која сите повторно ја видовме!

30

Ливерпул денеска не успеа да победи во дербито на „Мерсисајд“ кај Евертон, во меч кој заврши без победник и без голови, 0:0.

Со овој освоен бод, на Ливерпул по ова коло му недостасуваат уште 4 бодови за и математички да ја зграби титулата во првенството конечно по 30 години.

Со оглед на тоа дека три месеци немаше фудбал, Клоп и нема да им замери многу на своите играчи што денеска не го продолжија победничкиот од како и пред корона кризата.

Но од друга страна, легендата на „црвените“, Џејми Карагер, во својата анализа открива каде според него е слабата точка на овој Ливерпул.

„Кога во тимот го нема Мо Салах, тоа е голем хендикеп за тимот, тоа го видовме и претходно оваа сезона. Неговото присуство на терен е многу важно за целата екипа. Да не се разбереме погрешно, напаѓачката тројка на тимот е одлична, но кога недостига еден од нив во првиот тим, тоа не е истата екипа и квалитетот е во опаѓање. Ова лето, Клоп можеби треба да размислува за да го засили тимот во нападот“, порача Џејми Карагер.