Карагер: Халанд нема да го однеси Сити на повисоко ниво

9

Манчестер Сити излезе како победник во трката за потписот на еден од најдобрите, најатрактивните млади играчи на светот Ерлинг Халанд.

Напаѓачот на Борусија Дортмунд беше на мета на најголемите светски клубови, но доста работи требаа да се поклопат за да се добие неговот дрес, односно таа работа, најбрзо, најкокретно за изврши составот од Манчестер кој сега одново ќе има класична „деветка“ која има недостасуваше оваа сезона.

Останува да се види како Норженецот ќе се снајде во новата средина под тренерската палка на Пеп Гвардиола со тоа што веќе почна да се прогнозира со него, а тоа го направи Џејми Карагер. Легендата на Ливерпул и сега стручен аналитичар не верува дека Ерлинг може да го однесе Сити на повисоко ниво.

-Секако дека ги прави посилни, но јас на тоа гледам од друг агол. Халанд нема да го подигне Сити на следното ниво бидејќи тие во сезоните освојуваа по 96 до 100 бодови.

-Сити е на врвот, меѓу најдобрите во Европа во последните три-четири години. Доаѓањето на Ерлинг само малку ќе ја промени ситуацијата во важните натпревари. Во исто време Сити ќе загуби еден креативен играч во тимот бидејќи Халанд ќе мора да биде „вграден“ во него, -порача Џејми.