Каракачанов најмалку популарен според истражувањето на „Алфа Рисрч“

11

Според последното истражување на агенцијата „Алфа Рисрч“, кое го спровела на примерок од 1017 граѓани со право на глас и то во периодот од 15 до 21 декември, само помалку од половина од Бугарите ќе гласаат на парламентарните избори во март, додека дури 22 отсто сигурно нема да гласаат.

Исто така според оваа анкета, популарноста на актуелниот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов е под прагот од 4% за влез во Националното собрание. Далеку поголема популарност и со сигурност би влегле во Собранието:

1.ГЕРБ, на премиерот Бојко Борисов – 24,3% проценти,
2.БСП на Корнелија Нинова – 21,9%
3.„Постојат такви луѓе“ на ТВ водителот Слави Трифонов – 10,2%
4.ДПС на Мустафа Карадај и Ахмед Доган – 7,2%
5.„Демократична Бугарија” на Атанас Атанасов , – 6,1%
6.„Исправи се.БГ“ на Маја Манолова – 4,9%

Бугарските опозициски медиуми сметаат дека токму причината за непопуларноста на Кракачанов и неговата партија ВМРО е поради тоа што тој е постојано присутен во медиумите и досега имаше повеќе медиумиски настапи од останатите шест лидери заедно. Инаку, на македонската јавност, Каракачанов е познат по неговите антимакедонски ставови.