Караница меѓу Клоп и Кин во живо: Дали добро слушнав дека го кажа тоа? 

17

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп му се налути на Рој Кин, поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед кој работи како коментатор на „Скај Спортс“, и тоа веднаш по победата против Арсенал од 2-1.

Германецот и Ирецот се скараа пред камерите, откако Кин кажа дека Ливерпул не играл добро во текот на мечот.

„Дали господин Кин го кажа тоа?“, праша Клоп.