Карантин за 59 лица во хотелот „Ибис Стајл“

48

Во хотелот „Ибис Стајл“ синоќа во карантин беа сместени 59 лица кои влегле во земјава преку граничниот премин „Деве Баир“ и од Косово. Четворица од нив кои имале покачена температура и веднаш се испратени на тестови за Ковид-19 на Инфективната клиника во Скопје.

За обезбедување на хотелот се ангажирани шест полициски службеници кои го контролираат влезот и излезот од објектот. Собите во хотелот се целосно опремени според барањата и потребите за згрижување граѓани во изолација, обезбеден е медицински персонал, поддршка, опрема и храна.

Лицата со симптоми на Ковид 19, посочуваат, ќе бидат превезени на Инфективната клиника во Скопје со асистенција на Министерството за здравство.