Карачиќ: Ги сакам Вардар и Македонија, но во моментов не мрдам од Кјелце

8

Во интервју за хрватскиот медиум „24сата“, Игор Карачиќ не ја крие љубовта кон Вардар и Македонија, но вели дека во Кјелце му е добро и нема намера да си замине.

Кога ќе се слушне за некаква финансиска криза во Кјлеце, веднаш Карачиќ се поврзува со враќање во Вардар. Но во полскиот клуб ситуацијата е стабилна, поранешниот Вардарец има богат договор и не размислува за враќање во Вардар и покрај тоа што не крие дека го сака скопскиот клуб.

„Не е тајна дека ги сакам Вардар и Македонија. Од клубот не пристигна конкретна понуда, но имаше некои разговори. Секако дека тоа ми годи, Вардар сепак е голем клуб и се уште европски шампион, но имам уште две години од договорот со Кјелце кој сепак ми нуди подобри услови, па во овој момент не можам да размислувам за враќање во Скопје, ниту имам потреба да размислувам за такво нешто“, вели Карачиќ за „24сата“.

„Не постојат никакви потреси во клубот, ситуацијата е добра. Бертус Сервас добро го води клубот и нема да има никакви големи промени, ниту заминувања како што се зборува во медиумите“.