Караџовски: Внимавајте, може повторно да се заразите со друг сој на корона!

42

Според него, сите резултати на реинфекција се должат на непочитување на мерките или на оние лица кои мислејќи дека не можат да се заразат поради тоа што го прележале вирусот имале втор контакт со лице кое можеби било позитивно со друг сој на вирусот.

Досега во земјава имало 116 случаи на реинфекција од кои двајца се починати, рече денеска претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски на прес конференција.

– Апсолутно е возможна реинфекција. Будно гледаме кој е тој процент или просек на реинфекција, тоа се 116 случаи од околу 112.000 заболени што е 0,01 процент. Тоа е релативно многу мал број од вкупниот број позитивни – рече Караџовски.

Според него, сите резултати на реинфекција се должат на непочитување на мерките или на оние лица кои мислејќи дека не можат да се заразат поради тоа што го прележале вирусот имале втор контакт со лице кое можеби било позитивно со друг сој на вирусот.

Тој додаде дека е потврдено дека во земјава циркулира британскиот сој на вирусот кој за 50 до 70 отсто полесно се пренесува.

– Не можеме никому кој е прележан да му речеме дека не може да се реинфицира со нов сој без разлика дали е јужноафрикански, чешки итн. – рече Караџовски.

Тој додаде дека има повеќе од 4.000 мутации на коронавирусот и дека заболувањето кај тие 116 луѓе можело да настане од некој друг сој или од истиот сој ако имало помал имунолошки одговор на самиот организам.