КАРДАШИЈАН И НЕЈЗИНИОТ СВРШЕНИК ГО ЗГРОЗИЈА СВЕТОТ Луѓето ги молат да ја избришат фотографијата (ФОТО)

11

Тревис Баркер, тапанарот на групата „Blink-182“ и ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан, повторно успеаја да ја шокираат јавноста со своите објави на Инстаграм.

Имено, Тревис на својот инстаграм-профил објави фотографија на која ѝ го лиже стапалото на Кортни, со цел на сите да им даде до знаење дека неговата свршеница е сѐ што ќе посака за Божиќ.

„Сè што сакам за Божиќ“, напиша 46-годишниот рокер под фотографијата на која позираат во пижами со животински принт.

„Беше екстра добар“, одговорила Кортни во коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by travisbarker (@travisbarker)

Меѓутоа, ваквата „размена на нежности“ шокираше многумина.

„Некои работи што не мора да ги видиме“, „Што се случува?“, „Ова е како да го режирал Квентин Тарантино“, „Ве молам, престанете“, „Имаш време да го избришеш ова“, се само дел од коментарите кои Тревис целосно го игнорираше.

Парот ја започна својата божиќна прослава со патување во Дизниленд за време на викендот. Ним им се придружија седумгодишниот син Реин (кој Кортни Кардашијан го има со поранешниот партнер Скот Дисик) и 18-годишниот син на Баркер Лендон, кој рокерот го доби со поранешната сопруга Шејн Моклер.

„Најсреќното место на светот, на дожд во божиќно време“, напишала Кортни Кардашијан со серија заеднички фотографии.

Ова се првите празници кои Кортни и Тревис ќе ги поминат заедно откако се свршија.