Карди Би ја изненадуваат негативни реакции на нејзината музика

24

Раперката Карди Би во неделата сподели фотографии зад сцената од снимањето на видеоспотот Up.

28-годишната хитмејкерка ги разголи своите облини во бело трико под наметка од шифон и напиша „Ролс Ројс ангел“.

Уште едно провокативно видео што одговара на нејзиниот дрзок став. Контроверзната раперка неодамна откри во интервју за Зејн Лоу од „Епл мјузик“ дека често е „изненадена од лошите реакции на нејзината музика“, додавајќи дека негативните реакции „се претежно на конзервативци“.

Вистинското име на ексцентричната хип хоп и рап-пејачка Карди Би е Белкалис Марленис Алманзар.