Касами дојде да види што се случува во Собранието, но не е изненаден од потегот на Реџепи

17

Откако опозицијата не успеа да обезбеди кворум за седницата на која треба да се расправа за иницијативата за недоверба на Владата, по претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Собранието дојде и претседателот на Беса и до неодамна пратеник, а сега градоначалник на Тетово, Билал Касами, за, како што вели, да види што се случува.

„И јас немам информации што точно се случува. Тука сум за да видам што се случува“, рече Касами на влегување во парламентот и најави дека подоцна ќе даде изјава за медиумите.

На новинарско прашање дали е изненаден од потегот на неговиот сопартиец, пратеникот Кастриот Реџепи, Касами рече: „Не, од ништо не сум изненаден“.

Инаку, по првата пауза од еден час на барање на заменик-координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, нова пауза од еден час побара пратеникот од Левица, Димитар Апасиев.