Касами од Беса најавува дека придобиле најмалку двајца опозициски пратеници

36

Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами е уверен дека двајца пратеници од редовите на опозициските партии на Албанците ќе му се приклучат на парлементарното мнозинство.

Касами во своето гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат не сакаше да ги открие деталите, посочувајќи дека јавноста многу скооро ќе биде информирана.

„Говорам за повеќе пратеници, иако ние сме во директна комуникација со двајца“, изјави Касами.