Кастриот Реџепи: Со чиста совест самоволно се засолнив, за земјата да не ни отиде во спротивен правец

8

Пратеникот Кастриот Реџепи денеска на прес-конференција излезе со објаснување за тоа што не се појави на собраниската седница во која се гласаше доверба на владата. Тој појасни дека самоволно се засолнил за да не дозволи на бранот на резултатите од локалните избори земјата да ни отиде во спротивен правец од неговите убедувања.

– Не е лесно да имаш суштински разлики во ставовите со твоите сопартијци. Но кога твоите сојузници од Вашингтон и Брисел ти велат дека Северна Македонија има неповторилива шанса да ја започне својата нова европска приказна тогаш и срцето и умот ти велат: Да, Кастриот, некој мора да биде тој што ќе пресече во корист на иднината. Овој пат, тоа си ти. Верувам дека се можни мостови меѓу нас, различните од демократскиот блок и јас ќе се обидам да бидам еден од тие мостови. Сметам дека сега за земјата е најважно смирување, стабилизација, фокус на решавање на проблемите на нашиот народ, на пандемијата, на енергетската криза и секако почеток на преговорите со ЕУ, рече Кастриот.