Катица Јанева задоцни на „Рекет“ Напишано од Стојанка Митреска -13/02/20

10

Половина час доцнеше рочиштето за случајот „Рекет“ затоа што во судницата не беше спроведена обвинетата поранешна специјална обвинителка Катица Јанева.

Таа е во домашен притвор, а ова е нејзино прво задоцнување откако почна судењето на 3 декември минатата година.

Во секој момент се очекува да започне денешното судење, а денеска треба да бидат прикажани снимки што како докази ги доставил сведокот Јордан Камчев.

На претходните рочишта обвинителството презентираше снимки од безбедносните камери во домот на Камчев, а направени во февруари лани. На нив се гледа како Зоран Милевски Кичеец прво сам влегува во домот на бизнисменот. Потоа на друга снимка во куќата на Камчев доаѓа заедно со Бојан Јовановски. По половина час, во 16.10 часот, двајцата си одат со торби во рацете.Торбата „Луј Витон“ која завршува на задното седиште на портокалов џип марка „тирок“ ја носи Кичеец.

Судскиот процес го води судијката Васка Николовска Масевска.