Кацарска: Можеби некој сакаше да го намести Камчев

28

Судијката Добрила Кацарска во интервју на телевизија Алсат рече дека доколку Орце Камчев и кажел дека му бараат пари, таа ќе го советувала да не дава. Вели дека можеби и некој сакал да го намести Камчев дека нуди мито.

-Ако ми кажеа дека му бараат пари, јас ќе го советував да не дава. Од друга страна, можеби и некој сакаше да го намести и да рече дека тој нуди парични средства. Треба да им бидам благодарна што не ме вмешаа. А, факт е дека јас бев постојано со неговата сестра и мајка додека беше во притвор, вели Кацарска.