Кај 17 лица на фестивал во Скопје пронајдена дрога!

17

Таксират Фестивал 23, кој се одржа вчера во Спортски центар Борис Трајковски во Скопје, им отворил многу работа на полициските службеници од СВР Скопје.

Настанот кој предизвика голем интерес кај посетителите, и за кој секогаш се бара билет повеќе, го засенија податоците од денешниот билтен на МВР, според кои дури 17 лица на возраст од 18 до 38 години биле приведени, бидејќи кај нив била пронајдена дрога.

Кај 15 од приведените дрогата била пронајдена во спортскиот центар, а пак кај двајца на паркинг просторот пред спортскиот центар.

Одземена е марихуана, бела прашкаста материја, повеќе видови на таблети и пакувања со тврда материја.

Приведените се од Скопје, Битола, Велес, Штип, Свети Николе, Куманово, Гевгелија, Србија и Косово, а против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.