Кај 31,3% од новозаразените изминатата недела се регистрирани коморбидитети, 44% потврдиле дека имале конктакт со потврден случај

13

Кај 31,3% од новозаразените изминатата недела се регистрирани коморбидитети, 44% потврдиле дека имале конктакт со потврден случај

Во бројките кои Институот за јавно здравје ги објави околу новите случаи на коронавирус, а кои се однесуваат на изминатата недела (20-26 јули), кај 31,3% е регистрирано присуству на коморбидитети.

44,4% од новозаразените потврдиле дека имале контакт со лице кое било позитивно на вирусот.

„Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=896; 93,7%), регистрирани се 127 (14,2%) хоспитализирани, а кај 279 (31,3%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

– Реклама –

Од вкупниот број на нови случаи, 398 (44,4%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 21 лица со историја на патување (во последни 14 дена).“, велат од ИЈЗ.