„Квасец“ со истечен рок на македонскиот национализам

66

Тенденцијата за да се врати повторно дебатата на нулта точка непосредно пред следните парламентарни избори зборува за фундаменталните проблеми што ги има македонското етничко општество, која нејзината фрустрација како резултат на бугарското, српското и грчкото негирање се обидува да ја компензира со некаква лажна гордост, напаѓајќи го квалитетот и количината на употреба на албанскиот јазик во сите хоризонтални и вертикални инстанции на власта

Од Емин АЗЕМИ

Бугарската академија на науките неодамна излезе со проценка, според која, „македонскиот јазик не постои, тоа е регионална пишана норма на бугарскиот јазик“.

Оваа проценка е продолжение на официјалниот став на официјалната Софија, која неодамна усвои рамка со 20 услови за Северна Македонија, која треба да ги исполнува пред да стане членка на ЕУ. Повеќето на овие услови задираат длабоко врз македонскиот идентитет и историја, особено во јазичниот аспект. Владата на Бугарија е категорична во нејзините ставови што се однесува до македонскиот јазик, која, според официјална Софија не треба да се користи во ниту еден документ на ЕУ, туку само како „службен јазик на Република Северна Македонија“.

Овие политички ставови на официјална Софија се поддржани и од бугарските академски и научни институции, чии проценки се во исти бранови како и со бугарските официјални претставници.

„Главниот квалитет на нашиот заеднички јазик е нејзиниот аналитички аспект, и меѓу сите други словенски јазици, само бугарскиот е аналитички“, се вели во една научна рецензија, усвоен од Бугарскиот институт за лингвистика. Според оваа рецензија, „македонскиот јазик е бугарски, напишан на српска машина за пишување“, проценува бугарскиот институт за лингвистика.

Исто така, овој Институт инсистира на „разликување меѓу дијалектите во Северна Македонија и официјалната јазична норма на државата“, затоа што, стандардниот македонски јазик, според бугарските лингвисти, „е формиран со указ, а беше србизиран“.
„Меѓутоа, кодот, природата на таканаречената македонска норма, останува недопрена и таа претставува, ниту повеќе, ниту помалку, туку регионален бугарски литературен јазик. Фактот што некој,некогаш го кодифицирал и квалификувал како македонски јазик, нема никаква научна смисла, освен политичка “, велат бугарските историчари.

„Треба да е јасно дека лингвистичката норма што беше прогласена за уставен јазик во Собранието на Северна Македонија, е поврзана со еволуцијата на македонскиот јазик и нејзиниот под дијалект, што беше кодифициран во 1944 година“, се вели, меѓу другото, во Декларацијата на владата на Бугарија. Бугарските амбиции за да се негира македонскиот етнички и лингвистички идентитет се поранешни, но сега овие амбиции преземаат институционален карактер, во форма на притисок што и се врши врз официјално Скопје, барајќи од него низа услови што треба да се исполнат пред зачленувањето во ЕУ.
Бугарија и Северна Македонија, мината година потпишаа Декларација за добро соседство, преку која се обидува да се нормализираат влошените односи меѓу двете држави, како последица на повеќе отворени теми и прашања од историјата, вклучувајќи го и јазикот, историските личности, датумите и историските настани и итн.

Зачудувачко, овие амбиции доаѓаат во времето кога дури и албанскиот јазик во Северна Македонија доживува бескрупулозна диверзија од многу македонски политички и интелектуални кругови, претендирајќи во двосмислено значење на неодамнешните ставови на Венецијанската комисија. Тенденцијата за да се врати дебатата на нулта точка, токму пред следните парламентарни избори, зборува за фундаменталните проблеми што ги има македонското етничко општество, која нејзината фрустрација, која доаѓа како резултат на бугарското, српското и грчкото негирање, се обидува да го компензира со некаква лажна гордост, напаѓајќи го квалитетот и квантитетот на службената употреба на албанскиот јазик во сите хоризонтални и вертикални инстанции на власта.

На крајот на краиштата, тоа е „квасецот“ со истечен рок на траење на македонскиот национализам, кој долго време го храни со бајат “леб” едно цело општество.