Кекеновски поднесе кривични пријави против ДИК

15

Јове Кекеновски кој беше кандидат за пратеник од коалицијата заедно со Бачев од Единствена Македонија поднесе кривични пријави против сите членови на Државната изборна комисија. Тој вели дека на гласачкото ливче ја немало Коалицијата „Никогаш Северна – само Македонија“, туку партијата Единствена Македонија, иако на ждрепката била прифатена коалицијата под реден број 11. Кекекновски смета дека на овој начин, граѓаните биле доведени во заблуда од страна на ДИК.