Ким и Канје дефинитивно се разделуваат: Парот веќе не живее заедно!

46

Канје Вест пред неколку месеци ја шокираше јавноста откако објави дека сака да се разведе од сопругата Ким Кардашијан. Парот се уште живее одвоено, а раперот не планира да се врати во Лос Анџелес кај сопругата и децата.

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан и раперот Канје Вест признаа дека нивниот брак „всушност е готов“, бидејќи не планираат повеќе да живеат заедно, пренесува „Mirror“.

Ким во моментот живее во Лос Анџелес со нивните деца, а Канје останал на својот ранч во Виминг. Парот веќе неколку месеци живее одвоено, а иако заедно поминуваа одредено време, сепак не планира повторно да започне заеднички живот.

„Канје си зема време и простор за себе. Работи на себе и многу време поминува на ранчот. Изгледа дека нема намера да се врати во Лос Анџелес, а и Ким е согласна со тоа“, изјави извор близок на парот.

„Парот се труди животот да им биде нормален. Секојдневно комуницитаат поради децата“, додаде изворот, па изјави дека тие двајца веројатно нема да поднесат барање за развод, барем не во скоро време, и дека им одговара во моментов да живеат одвоено.

„Ова трае веќе неколку месеци. Тие и понатаму непрекинато разговараат и се чини дека се задоволни“, заклучи изворот.