Кина бара од Трамп да стави вето на законот за Хонг Конг

13

Кина бара американскиот претседател Доналд Трамп да стави вето на законот со кој се поддржуваат човековите права во Хонг Конг, одобрен вчера од Сенатот на САД.

Тие повторија дека ќе преземат „силни контрамерки“ доколку законот се усвои.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Генг Шуанг изјави дека хонгконгшкиот закон за човекови права и демократија ги поткопува и интересите на Кина и интересите САД во таа полуавтономна територија.

Законот предвидува САД секоја година да го потврдат високиот степен на автономија во Хонг Конг за да го оправдаат специјалниот трговски статус на таа територија, како и санкции за кинески и хонгконгшки службеници доколку ги потиснуваат слободите на територијата.

Белата куќа претходно посочи дека Трамп ќе го потпише законот, јави АП.