Кина и Русија активно дејствуваат на Балканот, обвини САД

12

Кина го купува пристаништето Пиреја, Русија покажува лошо однесување во Македонија, Русија се обидува да манипулира со Православната црква – вели портпаролот на Стејт Департменот/

Русија и Кина се активни како надворешни сили на Балканот, а посетата на државниот секретар Мајкл Помпео таму е начин „да се одговори на тој предизвик“, велат високи претставници на Стејт департментот.

Балканот е „стратешки многу динамичен регион“ со надворешни сили.

– Кина го купува пристаништето Пиреја, Русија покажува лошо однесување во Северна Македонија, Русија се обидува да манипулира со Православната црква – запомнете дека пред околу две и пол години Грција протера четворица Руси за нивно учество … во несоодветни активности поврзани со црквата”, изјави портпарол на Стејт департментот.

Според друг портпарол на Стејт департментот, целта на посетата била „обединување на сите аспекти на американската моќ и американската дипломатија за да се одговори на овој предизвик“ од Русија и Кина во регионот.

Од 27 септември до 2 октомври, Помпео е на турнеја низ Европа, при што ја посети Грција и ќе престојува во Италија, Ватикан и Хрватска.