Кинескиот град Вухан излезе од изолација по 76 дена

По 76 дена, или помалку од 11 недели, кинескиот град Вухан, градот каде што се појави новиот коронавирус, излезе од изолација.

18

Невидената блокада на Вухан стана модел за земјите кои се обидуваат да го спречат ширењето на пандемијата. Со крајот на ограничувањата, главниот град на кинеската провинција Хубеи започнува уште еден експеримент за враќање во деловниот и обичниот живот, со мерки за спречување на повторно јавување на болеста.

Кина не пријавувала точни бројки за жртви од коронавирусот?

Единаесет милиони жители сега можат да го напуштат градот без посебна дозвола, доколку апликацијата на паметниот телефон покажува дека тие се здрави и оти неодамна не биле во контакт со некој за кој е потврдено дека го имаат овој вирус.