Кирацоски: Не верувам дека ова Собрание ќе гласа за една изборна единица

26

Претседателот на Комисијата за политички систем во Собранието Александар Кирацоски не очекува овој собраниски состав да ги донесе измените за Изборниот законик кои предвидуваат една изборна единица и отворени листи.

Илјадниците амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ според Кирацовски нема начин да бидат разгледани пред распуштањето на Собранието. Сепак тој за утре во 14 часот ја закажа седницата на Комисијата во надеж дека двете партии ќе ги повлечат амандманите.

“Мора да ја закажам седницата бидејќи тоа е моја обрвска. Може да се случи ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се премислат” – вели Кирацоски.

Но во двете партии расположение за тоа нема, а доказ за тоа се дополнителните 1400 амандмани кои ДУИ ги поднесе утрово.