Кирк Даглас и тетка Шахсине од Истанбул

40

Иако, настанот некогаш се случил уште дамна, дамна… во ептен поинаков контекст, ете, се сеќавам како денеска! Беше ден на месец Мај, и бев дете планинец…филмот што го видов во кино со актерот Кирк Даглас ми го прошири мојот свет, ми ги прошири погледите, сфаќањата… и предизвика длабоки промени во моето битие

 

Шаќир ИСЛАМИ

Ете, тоа е тажна вест! Кога доаѓа … никогаш не тропа на врата. Со Саба и Бисмилах, како што навлегов во виртуелниот свет, ми стигна тажна вест во мојата пошта дека починал Кирк Даглас; легенда на забавна индустрија! Додека, само пред само неколку месеци прочитав и видов дека тој го прославил својот 103-ти роденден со внуци и познатата невеста Кетрин Зета-Џонс. Кирк беше среќен старец; бидејќи, да живееш покрај Кетрин Зета-Џонс и умираш е залудна магарштина. Ние, Албанците, го имаме длабоко врежано во нашите вредности, верувања, традиции и секако, морам да истакнувам и во племенскиот дух; ех длабоко во древност. Можеби, (велам онака по селски) – ние сме единствени на оваа планета што во секојдневното комуникацирање ја употребуваме поздравот: ТУНЃАТЈЕТА – ДА ТИ СЕ ПРОДОЛЖИ ЖИВОТОТ. Колку што знам јас – во целата моја маленкост – не сум слушнал дека има, ова хуманост, друг позначаен поздрав од  ТУНЃАТЈЕТА.  Значи, долговечноста е код длабоко врежен во нашата култура. Да му посакуваш на себе си и на другиот долг живот е благородна покорна особина; и дека е чиста благородничка! Човекот од кога постои се обидува да го продолжи животот и да ја избегнува смртта. Холивудската легенда Кирк Даглас – Американец иселен од семејство на рудари од Полска – повеќе од еден век ја избегнуваше смртта; но, како што видовме, не се спаси од неа! Некој порано, некој го зема подоцна, како што го гледа човештвото; на крајот на краиштата, никој од неа не се спасил!

Знам зошто, веста за смртта на овој стогодишник ја прифатив како да мие член на роднините на “Лушевите”. Затоа, со овој напис ги  искажувам сочувствата за племето Даглас и на целиот филмски свет. А сега да ви зборувам малку за мојата тетката на мојот „старец“, Шахсине оварда од Истанбул. И таа, исто како и Кирк Даглас, се иселила од тука, но не со нејзината волја, ниту за социјала, туку од политички причини. Тетка Шахсине била жртвува од политиките на етничкото чистење на овие краишта.

Тетка Шахсине, заедно со семејството, е протерана од родното место против нивната волја. Тоа е разликата меѓу Кирк Даглас и тетка Шахсине. Единствената насока била Истанбул. Во педесеттите години на дваесеттиот век, илјадници семејства ја претрпеле судбина на нашата тетка оварда; сите избегале со еднонасочен билет. Билетот беше исечен како злобна амајлија, само да избегаш и никогаш да не се вратиш. И секое насилно протерано семејство беше принудено да го потпише злогласниот документ ВЕСИКА и секое семејство била принудена да остави еден документ, како иселувањето била доброволно и со многу добра волја! Оваа библиско иселување на нашето население е направено со прекрасен потфат, комбинирајќи го физичкото и психолошкото насилство од комунистички – државни слоеви во соработка со албанските агенти и шпиони како клучни актери на помошта. Неколку децении подоцна, тетка Шахсине се врати во родниот крај за копнежот со природата на Шара и на Полог и со нејзините роднини искусни чобани. Во тоа време, се патуваше преку Солун само со воз. Мојот “старец” не радуваше со аберот за доаѓањето на “тетка Шахсине од Истанбул”, со ветувањето дека ќе не зема со брат ми за да ја почекаме на железничка станица во градот. Таа ноќ е се уште жива во моето сеќавање; рака на срце, ја почекав зората без да ги затворам очите!

Кога ја сака среќата, ја сака; тогаш задоцни возот, бродот … времето  застанува или продолжува! И како што се случува секогаш, кога ја сака среќата… преку звучникот на станицата, женскиот глас објави дека возот што доаѓа од Солун … ќе задоцнува повеќе од три часа и 45 минути. Оваа задоцнување беше причина „мојот старец“ да се сеќава каде треба да го поминеме времето за чекање. Одеднаш тој ја спомна киното, и ни купи две билети… се уште ја осетам мирисот на тоа парче хартија, што го држев цврсто во мојата рака како света амајлија! Јас и мојот брат отидовме за прв пат во кино !!! Еден од најважните настани во мојот живот.

Што да ви кажувам, киното се разликуваше од црно-белата телевизија како ноќта со денот! Екранот како фудбалско игралиште, звукот до небо…! Моите тогашни чувства, денеска, треба да бидат еквивалентни со екраните 3Д. И јас гледав филм со познатиот актер Кирк Даглас, името на филмот не го паметам. Затоа тој актер и тетка Шахсине од Истанбул, се уште се живи во моето сеќавање; и нема настан што може да ги избрише додека ќе дишам.

Иако, настанот се случил некогаш дамна, дамна … во ептен различен контекст, ете како се сеќаван денеска! Беше ден на месец Мај, и бев  дете планинец … филмот што го гледав во кино со актерот Кирк Даглас, ми го прошири мојот свет, ми ги прошири моите ставови, погледи … и предизвика длабоки промени во моето битие. Од тој ден, јас не бев веќе дете планинец како другите.

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)