Кирјос пак контра Новак: Ме критикуваат мене, а тие загрозија животи на други луѓе

7

Ник Кирјос не е многу загрижен за критиките кои ги добива со своите изјави во кои се постави како морална величина со коментарите за Новак Ѓоковиќ и другите тенисери кои беа позитивни на корона вирус при настапите на „Адрија турнејата“.

Кирјос пред неколку дена се повлече од САД опен, велејќи дека е не сака да загрози нечие здравје со настапот на гренд слемот, и не пропушти шанса да го критикува Ѓоковиќ, Григор Димитров и Александер Зверев за нивното однесување.

По ова, поранешната британска тенисерка број 1, Анабел Крофт изјави дека загубила секаква почит кон австралискиот тенисер поради тоа што човек кој се однесува како што се однесува на тенискиот терен критикува некој друг. Но, Кирјос останува на своето и продолжи со критиките на Ѓоковиќ.

„Однесувањето на одреден број на тенисери не беше добро, посебно бидејќи доаѓа од лидерот на нашиот спорт, кој треба да биде пример за другите. Потоа, некои ме критикуваа за моето однесување на теренот. Тоа што ги споредуваат двете работи го покажува нивното интелектуално ниво. Тие загрозија туѓи животи, така што споредбата е никаква“, вели Кирјос.

Тој исто така потврди дека има мали шанси да игра до крајот на сезоната.