Кичеец се уште не дошол во затворот “Шутка”, побарал да му се одложи извршувањето на казната

21

Зоран Милевски Кичеец, денеска треба доброволно да се појави во затворот “Скопје”, каде што треба да одлежи тригодишна затворска казна, како осуден во “Рекет”. Тој неодамна доби упатен акт од Кривичниот суд, односно самиот на 12 октомври да се пријави во затворот.

Директорот на затворот, Есад Рахиќ, за Фокус вели дека до овој момент Кичеец се уште не дошол.

Дознаваме дека тој побал од судот да му се одложи издржувањето на казната, но засега е нејасно дали е донесена одлука.

Кичеец беше осуден во случајот „Рекет“, по признание на вина, а Апелација му ја потврди казната иако тој се жалеше и бараше помала казна.