Клоп за доаѓањето на Анчелоти: Божиќ е, можам да му посакам многу среќа

13

Екипата на Ливерпул по натпреварите на Светското клупско натпреварување во Доха, каде го освои трофејот, му се враќа на премиерлигашкиот фудбал. Вечерва, во рамки од популарниот „Боксинг Деј“, лидерот го игра дербито на денот против второпласираниот тим на Лестер Сити.

Иако овој натпревар се очекува да биде меѓу највозбудливите оваа сезона, на прес-конференцијата на Ливерпул, новинарите го „нападнаа“ Јирген Клоп со прашања поврзани со Карло Анчелоти и неговото доаѓање во Евертон.

„Тешко е во оваа работа да имаш големи пријатели. Ние бевме пријатели и пред да станеме менаџери во Премиер лигата. Сега ќе се гледаме повеќе отколку во минатото. Би сакал да можам да му посакам повеќе среќа. Се шегувам – Божиќ е, така што му посакувам многу среќа.

Пред тој дуел со Евертон, пред нас имаме уште три тешки натпревари. Затоа не можам да зборувам многу подетално за тоа дерби. Можам да кажам дека тоа ќе биде голем натпревар и се надевам дека фановите ќе уживаат“, рече Клоп.

Карло Анчелоти своето деби на клупата на Евертон ќе го има денес на натпреварот против Барнли, додека со Ливерпул ќе се сретне со „карамелите“ во рамките од третото коло на ФА Купот на 5 јануари.