Клоп: Играњето против Атлетико Мадрид е една од најтешките работи во животот на еден фудбалер

4

Со дуелите помеѓу Борусија Дортмунд-ПСЖ, како и Атлетико Мадрид-Ливерпул, стартуваат големите возбудувања во осминафиналната рунда натпревари од Лигата на шампионите сезонава.

Иако обата меча нудат интересни двојки, сепак, се чини дека пресметката во Мадрид ќе побуди поголем интерес кај фудбалската јавност, а бранителот на европскиот трофеј Ливерпул, сигурно го чека тешка мисија за прогрес, за што сведочи и изјавата на Јирген Клоп, кој воопшто не помислува да го потцени составот предводен од неговиот ривал Диего Симеоне.

„Играњето против екипа како Атлетико Мадрид е една од најтешките работи во животот на еден фудбалер. Тие имаат навистина добра екипа, организирана машина за резултати“ изјави Германецот, наведувајќи дека моменталната форма на „Јорганџиите“ не треба да залажува никого.

„Луѓето ми велат дека оваа година не е онаква како оваа моја изјава, меѓутоа имаат период на транзиција, тоа е нормално, меѓутоа се уште даваат максимум од себе, начинот на кој играа сезонава не е толку лош како што луѓето оценуваат, сето тоа нема никаква поврзаност со мечот кој не очекува“ вели шефот на стручниот штаб на Ливерпул, кој веројатно слабата форма на Атлетико Мадрид не му значи ништо.

„Тимот кој ќе игра подобро, како и на реваншот, тимот кој ќе се бори повеќе на теренот, ќе сака повеќе, токму тој ќе оди во следната фаза, не игра никаква улога тоа кој бил најдобриот во Премиерлигата, или во Примера“ заклучи Клоп.