Клоп издвои еден играч на Интер кој им создал големи проблеми: Беше незгодно со него

13

Ливерпул не брилјираше на гостувањето во Милано, но успеа максимално да ги материјализира своите два шута кон голот на Хандановиќ, бидејќи постигна два погодоци за предност од 0:2 пред реваншот на „Енфилд Роуд“.

Интер не ги искористи своите шанси и полуприлики кои изгледаа навистина добро, а Клоп по натпреварот призна дека неговите бекови посебно се мачеле со Иван Перишиќ кој создаваше доста проблеми по својата страна.

– Сметам дека мечот го започнавме многу добро, му создадовме проблеми на Интер, но не го искористивме тоа. Потоа се смени тежиштето и мислам дека не се браневме добро по страните. Особено на страната на Перишиќ, беше нависитна незгодно со него.

– Интер имаше свои шанси, но не можеше да ги искористи. Всушност, Џеко постигна еден гол, но тоа беше офсајд и затоа не може да се смета тоа за стопроцентна шанса. Не бевме одлични, но остнаавме во мечот и на крајот дадовме два гола и ги контролиравме случувањата, – изјави Клоп кој потврди дека Жота излегол поради повреда.

– За жал бевме приморани да го извадиме Диого Жота. Се пожали на болки во зглобот на почетокот на натпреварот и не можеше да продолжи, – додаде Германецот.