Клоп може да здивне – доби две засилувања за мечот против Евертон!

23

Ливерпул во сабота гостува кај градскиот ривал Евертон во дербито од петтото коло во Премиерлигата, а тренерот Јирген Клоп доби добри вести пред натпреварот.

Клоп дозна дека неговите фудбалери Садио Мане и Тијаго Алканатара добиле негативни тестови на корона и ќе му бидат на располагање за натпреварот.

Ковид-19 на „црвените“ им направи многу проблеми, а Клоп засега не може да смета на Кеита кој е во самоизолација и ги чека резултатите од новиот тест.