Ковачевски, Вучиќ и Рама денеска ќе одлучат дали ќе присуствуваат на самитот ЕУ-Западен Балкан

2

Лидерите на Македонија, Србија и Албанија – Ковачевски, Вучиќ и Рама денеска попладне ќе соопштат дали ќе присуствуваат на самитот ЕУ-западен Балкан во четврток во Брисел.

Ова било договорено на нивниот вчерашен разговор преку видео-врска.. Ковачевски на фејсбук појасни дека тројцата се согласиле дека по дополнителни интерни консултации, ќе ја донесат финалната одлука за нивното учество на самитот.

Најексплицитен, на твитер беше албанскиот премиер Еди Рама, кој напиша дека се чини дека земјите ќе добијат уште едно не во брисел.. Целата унија киднапирана од бугарија не е добар спектакл за гледање! Што да бараме таму, напиша Рама на твитер.