Ковачевски, Вучиќ и Рама ќе потпишат договор за взаемно признавање на високообразовните дипломи

11

Владата донесе измени на заклучокот во врска со Договорот за соработка за земјите од Западен Балкан на полето на взаемно признавање на дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции, според кој на 8 јуни, во рамки на Самитот на Отворен Балкан во Охрид, договорот ќе го потпише премиерот Димитар Ковачевски: Во името на Србија договорот ќе го потпише претседателот Александар Вучиќ, а во името на Албанија премиерот Еди Рама.

Владата на денешната седница го прифати предлогот за продолжување на рокот на Одлуката за постоење на кризна состојба на дел од територијата на земјата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државата и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението, до 31 декември 2022 година.