Ковачевски за „Фокус“: Не се точни информациите дека се повлекувам

13

Директорот на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски во изјава за „Фокус“ вели дека не се повлекува од функцијата по неофицијалните информации дека на денешната владина седница освен што ќе се прогласи кризна енергетска состојба ќе има и разрешувања и оставки на луѓе кои ги водат институциите од енергетскиот сектор. Најспоменувано е името на Ковачевски.

-Не се точни информациите дека се повлекувам од мојата функција, вели тој во краток одговор за „Фокус“.