Ковачевски: Предлогот е поповолен, дефинирани позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик

13

Позицијата во која сега се наоѓаме е далеку поповолна за нас. Нашата позиција и стратегија дадоа резултат. Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки и јасно изградени ставови, изјави Премиерот Димитар Ковачевски, на прес-конференцијата со партнерите во владата по состанокот на кој беше разгледуван францускиот предлог за преговарачката рамка со ЕУ.

„Предлогот го гледаме како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја. Сите лажни тврдења во различни форми, сметам дека потонаа. Како влада доследно се држевме до државните позиции во однос на преговорите со Бугарија, во секој поглед.“ – изјави Ковачевски.

Тој подвлече дека во европскиот предлог има дефинирано позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик, како и протоколот да не биде во преговарачката рамка.

Ковачевски тврди дека македонската позиција за понатамошно и отпочнува безусловно на преговарачкиот процес и одржување на меѓувладината конференција со Европската Унија, исто така е инкорпориран во предлогот кој е доставен до нашата страна.

Премиерот најави дека процесот ќе се спроведува на транспарентен начин.

„Одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме ние, на принцип на заеднички позиции, мериторна основа, согласно стратешките интереси на државата и на сите нејзини граѓани“ – порача Ковачевски.

На новинарските прашања, Ковачевски дека дискусијата на состанокот била исклучително конструктивна и државничка, при што министерот Османи и вице-премиерот Маричиќ информирале за сите детали за процесот и предлогот.

Сите претседатели на партиите го кажале својот став, вели Ковачевски и според него сите имале, како што рече, „државнички став“ во однос на прашањето.