Ковачевски ќе има 13 советници, Заев имаше 50

0

Премиерот Димитар Ковачевски ќе има 13 советници наместо досегашните 50 советници на поранешниот премиер Зоран Заев, велат од Владата. Голем дел од овие советници се професори од Економскиот факултет во Скопје, директор на македонска банка, Македонка професорка од Велика Британија, двајца се поранешни европарламентарци од Германија… Имињата ќе бидат наскоро објавени.

Од активните над 50 советници, дел ќе бидат распоредени линиски, а дел ќе се вратат дома и ќе останат без работа. Има и такви советници кои владиното советување им беше дополнителна работа.