Ковид-мапа на ЕЦДЦ: Само три земји од ЕУ во зелена боја, 17 во црвено

12

Седумнаесет од 27-те земји членки на Европската Унија (ЕУ), како и Велика Британија, се наоѓаат во црвената зона на новата мапа на ограничувања на движењето објавена од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).

На таа мапа, само три земји на Унијата (Норвешка, Финска и Грција) се претежно зелени, додека пет земји (Италија, Кипар, Естонија, Литванија и Летонија) се означени со портокалова боја. Пет држави (Германија, Австрија, Шведска, Данска и Исланд) не се обележани во боја поради недоволни податоци за тестовите.

Вкупно 16 земји на ЕУ, вклучувајќи ги Франција, Шпанија, Полска, како и Велика Британија, се обележани со црвена боја.

За еден регион да се класифицира во зелена боја, мора да има помалку од 25 нови случаи на 100.000 жители во последните две недели и помалку од 4 проценти од позитивно тестираните. Регионот е во црвено кога бројот на нови случаи во последните две недели е поголем од 50 заболени лица на 100.000 жители и кога процентот на позитивни е поголем од 4 проценти или кога критериумот за нови случаи надминува 150.