Ковид центри се отвараат и на кардиологија и на пластична хирургија, во „8 септември“ само итни операции

17

Ковид пациенти ќе се примаат и на делови од Клиниката за кардиологија и на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, а во „8 Сепетмеври“ ќе се редуцира хируршката програма и ќе се вршат само итни операции и операции на малигни болести кои се неодложни, соопшти Министерството за здравство.

Изминативе неколку денови, расте бројот на новозаразени од ковид-19 и од пациенти кои имаат потреба од хоспитализација. Во изминатите 24 часа во Скопје беа примени 71 пациент, а низ цела земја лежат 1.193 болни.

За ковид болни пуштен е во употреба дел од Клиниката за трауматологија од УК ТОАРИЛУЦ со 25 болнички кревети.
На Клиниката за пластична и реконструктивна хрургија и на Клиниката за торакална хирургија обезбедени се 50 болнички кревети. Клиниката за торакална хирургија продолжува со нормална работа за итни случаи, а хируршките интервенции во моментов се редуцирани и се изведуваат само итни операции и операции на малигни состојби.
Делот од патологија на Клиниката за пластична хирургија се префрла во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Дополнителен капацитет за прием на пациенти со ковид се подготвува и на Клиниката за кардиологија, каде за болните со ковид ќе бидат обезбедени 50 кревети. Со оваа реорганизација капацитетот во Клиничкиот центар се зголемува за 100 кревети.
Во Градската општа болница „8 Септември“ ќе се отвори одделение со дополнителни 25 болнички кревети за ковид пациенти. Во болницата ќе се немали хируршкиот програм и ќе се вршат само итни операции и операции на малигни болести кои се неодложни.
Во ковид одделите во внатрешноста има доволен број болнички кревети и капацитетите во болниците не се оптеретени.