„Ковид-19 веројатно не потекнува од пазарот во Вухан” – тим на СЗО во нови истражувања

19

Ковид-19 веројатно не потекнува од пазарот во Вухан бидејќи било утврдено дека вирусот циркулира на друго место во градот. Исто така малку е веројатно дека станува збор за истекување од лабораторијата, откриваат во заедничка мисија научници на Светската здравствена организација и научници од Кина.

Зборувајќи на прес-конференција во Вухан, заедничкиот тим на СЗО и кинескиот тим рекоа дека тие веруваат дека пазарот во Хуанан не е местото од каде што Ковид-19 проширил на луѓето.

Лидерот на тимот на СЗО, Питер Бен Ембарек, изјави дека неговата истрага открила нови информации, но дека тие не ја смениле драматично сликата за избувнувањето.

Ембарек, експерт за вируси на СЗО, рече дека хипотезата за протекување на вирус од лабораторијата е малку веројатна и нема да бара дополнителни студии како дел од нивната работа за проучување на потеклото на вирусот.

Ембарек вели дека препорачува анализирање на нови материјали, вклучително и примероци од крв, што може да помогне во идентификување на претходните случаи во Кина.

Тој смета дека најверојатно Ковид-19 се пренел на луѓето преку некое посредничко животно, но сè уште не е јасно кое.

Професорот Лианг Венјан, лидер на кинескиот тим, речиси целосно ја отфрли можноста пазарот каде што се продаваат животни да биде можно место за потекло на вирусот.

„Можеме да се согласиме дека во декември откривме докази за поширока циркулација на вирусот. Тоа не само што беше кластер на пазарот во Вухан, туку и циркулираше надвор од пазарот“, рече тој.

Тимот верува дека вирусот потекнува од животни – веројатно лилјаци или панголини – но индиректните домаќини што му дозволија да скока врз луѓе „сè уште не се идентификувани“, додаде тој