Ковид-19 во Македонија: Активни 3.609 случаи, во болнички кревет во моментот 372 лица

41

Со вчерашните 200 нови пациенти, Македонија во моментот има 3.609 активни случаи на Ковид-19 од кои 372 позитивни и суспектни лица на вирусот се хоспитализирани. Вкупниот биланс, пак, во државата од почетокот на пандемијата е 11.754 заболени граѓани, 7.622 се оздравени и, за жал, регистрирани се 523 смртни случаи.

На Инфективната клиника, според вчерашна статистика на Министерството за здравство (МЗ), се примени четворица нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани се 80. Кислородна поддршка добиваат 37 и ниту еден не е на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни лица позитивни на Ковид-19, четири деца позитивни на вирусот и уште тројца пациенти кои се водат како суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 септември“ се примени девет нови, а вкупно се хоспитализирани се 74 пациенти од кои пет се приклучени на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти, а во болницата во Штип – 46. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово, во Прилеп, во Гостивар, во Струмица и во Струга се хоспитализирани вкупно 123 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.