Ковид-19: Во САД за 17 дена еден милион заразени, вкупно има пет милиони

7

По првиот ден на отворање на училиштата и почетокот на школската година во Џорџија, во едно средно училиште биле регистрирани девет случаи на коронавирус – шест ученици и тројца наставници. Средното училиште е привремено затворено и се враќа на одржување на он лајн настава.
Бројот на регистрирани случаи на коронавирус во САД синоќа надмина пет милиони луѓе.

Весникот „Вашингтон пост“ објави дека е загрижувачки што разликата од четири до пет милиони случаи е надмината за релативно кусо време, или само за 17 дена, кога во САД се заразиле еден милион луѓе.

Најмалку 97 000 деца во земјата имале позитивни резултати на тестовте спроведени во последните две недели од јули, според американската Академија за педијатрија и Детската болничка асоцијација. Овој број претставува повеќе од четвртина од вкупниот број деца со коронавирус регистрирани уште од март.

По првиот ден на отворање на училиштата и почетокот на школската година во Џорџија, во едно средно училиште биле регистрирани девет случаи на коронавирус – шест ученици и тројца наставници.

Информацијата дојде откако на социјалните мрежи се појави фотографија од преполн училишен ходник со ученици без маски. Средното училиште е привремено затворено и се враќа на одржување на он лајн настава.