Ковид-19: Во САД за 24 часа рекордни нови 60 000 заразени

26

Повеќе од три милиони луѓе веќе се заразени со новиот коронавирус во САД. Во изминатите 24 часа се потврдени рекордни 60 000 нови случаи.

Бројот на заразени значително се зголеми во последните две недели во околу дваесет држави.

Двете најнаселени американски држави – Тексас и Калифорнија – вчера регистрираа рекорд за нив со повеќе од 10 000 нови случаи во еден ден.

Тексас во која живеат околу 30 милиони луѓе пријави најголем дневен биланс на заразени (10 028), што е повеќе од која било европска држава во пикот на епидемијата. Досега таму има над 210 илјади заразени и над 2 700 смртни случаи.

Претходно, тој праг го преминаа Њујорк и Флорида – четврто и трето место во САД во однос на населението.

Според Универзитетот „Џонс Хопкинс“ и сајтот „Ворлдометерс“ во САД во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 60 000 нови случаи, додека повеќе од 1 100 луѓе починаа. Бројот на смртни случаи досега е 133 982 лица.

Во САД има најмногу заразени и починати од Ковид-19 во светот.

Вчера администрацијата на Доналд Трамп ги известила Конгресот и ОН дека САД се повлекуваа од СЗО на една година. Во писмото не се наведуваат причините, но претходно Трамп рече дека се незадоволни од нејзините постапки за време на епидемијата на коронавирусот.