Ковид-19: Досега во светот има 17,7 милиони заразени и над 680 000 смртни случаи

12

Досега во светот од ковид-19 се заразиле точно 17 771 634 лица, покажуваат податоците на „Ворлдометар“.

Од нив оздравеле нешто повеќе од 11 милиони (11 168 411), додека бројот на смртни случаи е 683 278 лица. Вчера, според податоците на Светска здравствена организација (СЗО), беше забележан нов дневен рекорд по бројот на новозаразени – 292.527 лица.

Најголем пораст на новоинфицирани, според овие податоци, со новиот коронавирус има во САД, а потоа следат Бразил, Иднија и Јужна Африка.

Претходниот рекорден број на новозаболени со бројка од околу 284 000 беше пријавен на 24 јули.

Речиси 40 држави во текот минатата недела пријавија рекорден раст на новозаболени лица на дневно ниво.