Ковид-19: Зелено светло за плазма-терапија во САД

16

Американските власти издадоа итно одобрение за користење на крвна плазма за лечење на заболените од Ковид-19. Дали овој третман навистина може да го забави „пустошењето“ на вирусот во организмот, меѓутоа, е нејасно.

Агенцијата за храна и лекови на САД (ФДА) издаде итно одобрение е за употреба на плазма за лечење на заболените од коронавирусот.

Оваа терапија користи крвна плазма богата со антитела од луѓе кои оздравеле од болеста и веќе се користи кај повеќе од 70.000 луѓе во САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лечењето може да ја намали смртноста за 35 отсто.Одлуката дојде еден ден откако Трамп ја обвини ФДА оти го спречува развојот на вакцини и лекови поради политички причини.

Тој оваа одлука трумфално ја објави пред Републиканската национална конвенција, каде ќе ја започне својата кампања за освојување на вториот мандат во Белата куќа.

Во трумфалната објава, Трамп тврди дека ова е пресврт. „На ова долго се радувам“, изјави синоќа претседателот.

„Задоволство ми е што во суштина историски ја најавувам нашата битка против кинескиот вирус која ќе спаси безброј животи“, рече Трамп.