Ковид-19 направи дупки во државните буџети: „Fitch“ го намали рејтингот на 33 земји

19

Според податоците кои што може да се видат на страната на „Fitch“, Македонија не е во оваа група, затоа што последната промена на кредитниот рејтинг од страна на агенцијата е на 15.05.2020 при што беше оценета со ББ+, но сега со негативен изглед поради глобалната пандемија.

Агенцијата за кредитен рејтинг „Fitch Ratings“ го намали кредитниот рејтинг на 33 земји во првата половина од оваа година, а таа работа, се чини, е далеку од готова, имајќи предвид дека пандемијата на коронавирусот прави поголема дупка во државните буџети, јавува „CNBC“.

Според податоците кои што може да се видат на страната на „Fitch“, Македонија не е во оваа група, затоа што последната промена на кредитниот рејтинг од страна на агенцијата е на 15.05.2020 при што беше оценета со ББ+, но сега со негативен изглед поради глобалната пандемија. Сепак, како што најавуваат од агенцијата тоа може да се случи во некоја од следните проценки.

Џејмс МекКормак, глобален шеф за суверен рејтинг на „Fitch“, рече дека агенцијата ги оценила кредитните рејтинзи за други 40 земји или суверени субјекти како „негативни“, што значи дека нивниот рејтинг би можел да се намали.

– Никогаш во историјата на „Fitch Ratings“ не сме имале 40 земји со негативни изгледи во исто време, откако намаливме 33 суверени рејтинзи во првата половина од годинава – изјави МекКормак, додавајќи дека тие никогаш не намалиле 33 суверени рејтинзи за една година, а сега тоа го сториле тоа само за половина година.

Меѓу државите чијшто кредитен рејтинг го намали „Fitch“, меѓу другите се и Велика Британија, Австралија и Хонг Конг.

МекКормак објасни дека многу влади ги зголемиле трошоците за да ги заштитат своите економии од сериозно влијание на пандемијата на коронавирусот и дека очекуваат финансиската состојба да се влоши во сите 119 држави што ги проценува агенцијата.