Ковид-19: Пола милион новозаразени за 24 часа, вкупниот број во светот надмина 84 милиони

25

Во последните 24 часа бројот на заразени со коронавирусот се зголеми за 541 000, со што вкупната бројка на потврдени случаи на светско ниво сега изнесува речиси 84,5 милиони, покажува синоќешниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО).

Речиси половина од пријавените случаи во изминатите 24 часа биле регистрирани во Северна и Јужна Америка (266 499), потоа во Европа (202 958) и во Југоисточна Азија (26 070).

Кога станува збор за смртните случаи, пак, тие се зголемиле за 8 700, а вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата е приближно 1,85 милиони.

Инаку од почетокот на пандемијата, според СЗО, најмногу случаи се регистрирани во:

САД – 20 470 169
Индија 10 356 844
Бразил 7 733 746
Русија 3 284 384
Велика Британија 2 713 567
Франција 2 615 185
Италија 2 166 244
Шпанија 1 893 502
Германија 1 787 410
Колумбија 1 675 820
Аргентина 1 640 718
Мексико 1 448 755.