Ковид-19: Регистрирани се 16 нови случаи

4

Во Тетово има 4 нови случаи, во Скопје и во Струмица – по 3, Куманово – 2, а во Прилеп, Гостивар,Охрид и во Струга – по 1
Регистрирани се 16 нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа од направени 2 873 тестирање.

Во Тетово има 4 нови случаи, во Скопје и во Струмица – по 3, Куманово – 2, а во Прилеп, Гостивар,Охрид и во Струга – по 1.

Регистрирани се 4 оздравени пациенти од: Скопје – 2, Куманово и Кратово – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 894 904 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 732, а оздравени пациенти е 150 104, а на починати е 5 486.

Во земјава моментно има 142 активни случаи, од кои 55 се во Скопје, 11 во Куманово, во Тетово- 18, во Охрид – 10 и во Кичево – 14. Во другите општини бројките се едноцифрени, а во најголем дел нема активни случаи.