Ковид-19: Речиси илјада пациенти лежат во болниците – пет се на респиратор

23

Речиси илјада пациенти заразени или суспектни на ковид-19 лежат во болниците низ државата.

Точниот број на хоспитализирани според денешниот извештај на Министерството за здравство изнесува 998.

Од нив, петмина се респиратор и тие се сместени во Градската општа болница „8 Септември“. Во оваа установа вкупно се хоспитализирани 79 пациенти.

Најмногу хоспитализирани има на Инфективната клиника во Скопје – 158. Од нив 132 се на кислородна поддршка.

На клиниките кои беа пренаменети за прием на пациенти со ковид состојбата е следна: Институт за ТВЦ – 54 пациенти; Клиника за неврологија – 18; Кожна клиника – 12.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 позитивни и 3 деца суспектни на ковид-19, како и 30 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

Во битолската болница, пак, има 72, а во штипската 60 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 501 позитивни и сомнителни на ковид-19.