Ковид-19 „хара“ во регионот: Бројот на заразени расте

3

Од последниот пресек на состојбата со коронавирусот во Србија, 12 818 луѓе се тестиран на ковид-19, а 1 497 се позитивни. Има 30 пациенти на апарати за дишење. Вкупно 894 лица се хоспитализирани, а шест починале.

Во Босна и Херцеговина се регистирани 420 новозаразени, од тестирани 2 791 примероци, значително повеќе од претходниот ден кога имаше 276. Пријавени се два смртни случаи. Само во Федерацијата БиХ се тестирани 2 170 примероци, од кои 318 беа позитивни за коронавирус. Регистрирани се нови случаи во сите кантони во Федерацијата.

Во Република Српска, тестирани се 399 примероци, од кои 83 се новозаразени. Од епидемијата се пријавени два смртни случаи или 3 824 пациенти. Денеска, 19 нови случаи на инфекција со коронавирус од 222 тестирани примероци се регистрирани во округот Брчко во БиХ.

Според најновиот пресек на епидемиолошката состојба во Црна Гора, пријавени се шест смртни случаи, од кои еден е државјанин на Србија. Регистрирани се уште 535 новозаразени лица, од кои 53 туристи. Тестирани се 4 156 примероци за новиот коронавирус. Вкупниот број на смртни случаи поврзани со инфекција ковид-19 во Црна Гора од почетокот на пандемијата е 1 657. Вкупниот број на моментално активни случаи е 4 912.

Хрватска тестираше 9 879 примероци за коронавирусот, од кои 524 се новозаразени, со што бројот на активни случаи се зголеми на 2 124, објави Националниот штаб за цивилна заштита. На респиратор има 26 пациенти. Пријавени се три смртни случаи, или 8 291 од почетокот на епидемијата. Најмногу новозаразени има во Сплитско-далматинска жупанија -130 и во Загреб-101.

Во последните 24 часа, Словенија тестираше 2 228 примероци, од кои 385 се позитивни на коронавирусот, објави Националниот институт за јавно здравје. Тоа е 17,3 проценти, што е највисок дневен процент на заразени од 25 мај досега. Бројот на активни случаи е 2 560.