Ковид-19: Јапонскиот премиер загрижен поради големиот број новозаразени во Јапонија

6

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга денеска изјави дека стапката на инфекција со Ковид-19 во земјата е се уште висока и покрај вонредната состојба.

Тој додаде дека јапонската Влада има намера да набави околу 310 милиони дози вакцини, во согласност со неговата претходна изјава дека земјата треба да го започне процесот на вакцинација „што е можно побрзо”.

Министерот за здравство, труд и социјална помош Норихиса Тамура ден претходно рече дека Јапонија ќе набави 144 милиони дози од „Фајзер” во 2021 година, што ќе и овозможи на земјата да вакцинира 72 милиони луѓе.