Ковид19, Куманово се уште без брзи тестови

15

Спроведувањето на брзи тестови не е започнато во сите градови, иако побарувачката на граѓаните за брза дијагноза на коронавирусот е исклучително голема. Иако во Скопје брзите тестови започнаа пред скоро еден месец, на само 30 километри северно од главниот град, во Куманово граѓаните само во медиумите слушнаа за брзите тестови. Од Здравствениот дом во овој град велат дека се подготвени да започнат со антигени тестови, но велат дека чекаат пратки од Министерството за здравство. Од ова министерство велат дека брзите тестови во Куманово ќе започнат од среда.

Во меѓувреме, Здравствениот дом во Куманово одлучи да ги издвои лабораториски капацитети за пациенти со други болести од оние за со КОВИД-19, бидејќи досега тестовите се вршеа на едно место.

„Прво ги поделивме пациентите според термини, прво се обезбедени бремените жени и деца до 11 години. Потоа, тука се пациентите кои вршат лабораториски услуги. После тоа оставивме простор за целосно дезинфицирање на делот од лабораторијата и од 10.30 часот е терминот за пациенти со ковид кои доаѓаат и ги прават тестовите во нашата лабораторија. ”

И на 6-те пунктови во главниот град каде што се вршат брзи тестови, пациентите потешко закажуваат термини. Како резултат на тешкотиите при брза дијагностика, бројот на активни случаи е зголемен, велат инфектолозите. Ова се гледа и во неделниот извештај на ИЈЗ, каде главниот град останува со најголема инциденца, а најпогодената возрасна група е над 60 години. Од 16-22 ноември се регистрирани 7.486 нови случаи со пораст од 1,8% во однос на претходната недела. Минатата недела 204-те смртни случаи, го зголемија за 18% смртноста од Ковид-19.